АктуелноНаш изборНаш ИзборОхридПоследни Вести

70.000 евра тежи „каменот на раздорот“ меѓу Номче Чакар и СДСМ

Науме Јованоски бил убеден дека е финансиска жртва на „Византиски игри“ во СДСМ ОхридНауме Јованоски бил убеден дека е финансиска жртва на „Византиски игри“ во СДСМ Охрид

Казни од 70.000 евра кои одредени инспекциски служби ги изрекле на фирмите на Науме Јованоски Чакар се причината заради која Науме Јованоски во практичното делување во советот на општина Охрид го напушти СДСМ и со „неговите“ советници гласа за предлозите на градоначалникот Кирил Пецаков.

Казните иснепкциите ги изрекле во периодот додека Науме Јованоски беше активен и работеше СДСМ да победи на изборите 2021, а револтот кај Јованоски е дотолку поголем што тоа се случува додека сите инспекции се контролирани од СДСМ, па Науме бил убеден дека тоа е некоја игра во внатрепартиските пресметки и игри за превласт во СДСМ.

Науме Јованоски замолен да ги прокоментира овие прилики и релациите кои ги има со СДСМ, писмено ни одговори дека не сака да дава изјави. додека партијата СДСМ во Охрид одамна не комуницира со повеќето медиуми.

ОД ЧЕТВОРИЦА СЕГА ГРУПАТА НА НАУМЕ СЕ СМАЛИ НА ТРОЈЦА СОВЕТНИЦИ

Ако до последната седница со Науме на страна на мнозинството застануваа тој и уште тројца советници од денес на седницата советничката Милена  Грозданова не гласаше по инструкциите на Науме Јованоски, додека познатиот доктор Стојан Митрески и советничката Деса Косаркоска продолжија да дејствуваат по инструкции на Науме Јованоски.

Ова може да значи дека партијата во Охрид почнала да ги средува односите со своите советници.