Жители на улицата АСНОМ во Охрид до „Охрид 1“ испратија видео во кое се гледа како тешка градежна механизација врши градежни работи на зграда која е во фаза на градба на улицата АСНОМ во Охрид.
Како што пишуваат жителите од околните згради ова се правело околу 2 часот наутро, се случувало неколку дена и до сега не било реагирано од страна на полицијата.