АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Вечер на ЕУ со чешки уметници на Охридско лето

Традиционалната Вечер на ЕУ во рамки на фестивалот „Охридско лето“ годинава ќе донесе концерт на Дуо ди прага од Чешка. Концертот ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот.

Дуото го сочинуваат виолинистот Леош Цепицки и виолончелистот Иван Вокач.

Леош Чепицки студирал виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага во класата на проф. Јиржи Новак, камерна музика  со проф. Антонин Кохут, а за време на студиите е еден од основачите на познатиот „Вихан“ квартет чиј член е до денес. Учествува на бројни натпревари за соло виолина и камерна музика и победник е на повеќе натпревари во родната Чешка, но и во Хрватска и во Италија. Во 2000 година, на 250-годишнината од смртта на Ј.С. Бах, ги изведува сите сонати и партити за соло – виолина од овој композтитор на Фестивалот „Сметана“ во Литомишл. Со квартетот „Вихан“ освојува прва награда на фестивалот Прашка пролет во 1988 година, а неколку години подоцна, во 1991 тие се добитници на прва награда и награда од публиката на Интернационалниот натпревар за гудачки квратети во Лондон. Овие признанија се проследени со бројни европски турнеи, настапи во Сингапур, Јордан, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и САД. Од 2007 година е професор по виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага, а од 2010 година е раководител на гудачкиот оддел.

Иван Вокач (1987) е еден од најистакнатите  чешки виолончелисти на денешната генерација. Студирал на конзерваториумот во Прага и на Академијата за применети уметности во Прага. Постигнал повеќе успеси на меѓународни натпревари. Редовно настапува со врвни чешки оркестри (Чешка филхармонија, филхармонија Брно, ПКФ – филхармонија од Прага, оркестарот на Филхармонијата Плзен), а настапувал со диригенти како Јиржи Белохлавек, Петр Алтрихтер и Петр Попелкал. Како вешт камерен музичар,прославуваќи се со бројни натпревари и  победи на ова поле (двапати е  победник на меѓународниот натпревар Јоханес Брамс во Перчаш, Австрија). Во 2011 година, тој е коосновач на триото Лобкович со пијанистот Лукаш Клански и виолинистот Јан Мрачек и со нив ја добива престижната награда на Чешкото друштво за камерна музика во 2018 година. Како камерен музичар, соработува со многу исклучителни музичари  (Даниел Хоуп, Пол Нојбаер, Џозефин Најт, Вацлав Худечек, Иво Каханек и Петр Нузовски). Тој е концерт-мајстор по виолончело при Чешката филхармонија од 2017 година и негува посебна страст кон џезот.

 

НУ Охридско лето