АктуелноВидеоглавни-вестиНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид на 17 јули без гужви и полупразен

На средианта од летото Охрид ја поминува оваа летна сезона речиси полупразен и без гужви ( како што имаше во минатите две т.н. корона сезони ).

Дел од хотелите се речиси полни со групи и гости од странство , но приватното сместување е далеку од исполнето.

Граѓаните едноставно ова лето повеќе мислат како ќе ја поминат зимата,  пристиснати од секојдневните ценовни шокови на основните животни намирници и постојаниот раст на цените на струјата, пелетите и дрвата.

Оние кои имаат можност да летуваат прават колони на границата со Грција , каде за влез во таа држава се чека и по три часа, но годините поминати во корона кризата и слободата на движење која е повторно овозможена го прават своето, па тие кои можат да платат одмор, се одлучуваат по две години затворени граници, да патуваат во странство.

Се на се, целата слика на Охрид потсетува како летата кога Македонија беше ослободена од Шенген визите и кога сите почнаа да патуваат во странство, а Охрид остана речиси празен.

Како изгледаа улиците низ Охрид, снимени во 2008 година , кога Македонија имаше Шенген погледнете во видеото:

https://youtu.be/2Dr6vAkYvVY