АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Повреденото мече е добро згрижено, но му треба медицинска помош

Повреденото мече кое вчера по пат за Радожда го пронајде стружанецот Гоце Митрески е добро згрижено. Му се дава храна, но загрижува неговата здравствена состојба. Хуманиот стружанец бара помош од стручни лица. Вели ќе направам се за да се опорави и да го вратам во природата.

„Ве молам кој може да помогне нека ме контактира“, вели Митрески.

ONEMEDIA денеска беше во посета на мечето. Пресреќни што е згрижено кај многу хумани луѓе кои прават се, но загрижени затоа што очиглено му треба медицинска помош. Мечето неможе да застане на задните нозе, жално јачи поради болка и е многу дезориентирано. Среќа е што сака да јади, но поради дезориентираност неможи ни гризнатото овошје да го пронајде, па мора да му се дава дирекно во уста.

Стапивме во контакт со зоолошката градина во Скопје. Од таму велат ќе помогнеме се што е во наша надлежност, но поради договорот на Скопје ЗОО и Four Paws International не можеме да го згрижиме. Веднаш испратија контакти од стручноте лица од Four Paws International кои ќе помогнат и со совети, а долку треба ќе превземат се што е потребно.

Инаку Митрески  уште вчера веднаш ја известил полицијата и ловното друштво од Струга, а мечето го однесе и кај доктор ветеринар Јане од Vet Spirit Veterinarna Ambulanta, кој откако го прегледал му дал соодветна терапија и потребни витамини.

Видео: ONEMEDIA