АктуелноОхрид

Се распадна советничката група на СДСМ?

На 13тата  седница на совет на советот на општина Охрид, советничката група се подели. После подолго време се појави носителот на листата Науме Јованоски – Чакар, но наместо да седни на неговото место тој и уште двајца советници, Деса Косаркоска, и Стојан Митрески седнаа во друг ред, а на местата на кои вообичаено седат советниците од СДСМ единствени остаа Бојан Михајлоски од СДСМ и Милена Грозданоска од НСДП. Координаторката на советничката група не беше присутна на дешената седнаца, а не беше присутен ни советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски.

Кога дојде гласањето за точките тројцата советници кои се одделија од советничката група на СДСМ гласаа за предложените точки, а со тоа дадоа поддршка за мнозинството од советот предводено од ВМРО ДПМНЕ.

Неофицијално дознаваме дека овие тројца советните и понатаму ќе долуваат како независна советчката група, а СДСМ останува со двајца свои советници кои се дирекно од СДСМ .

Од претходно коалицијата ја напуштија и Арбен Демироски, а поддршка на мнозинството дава и независниот советник Антонио Наумоски.

Неофицијално дознаваме дека овој тренд ќе го следат и во другите градови.

извор: Охрид 1