петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Европратеникот Андреј Ковачев му порача на Пендаровски дека браќа Миладиновци се Бугари

Штетноста од Договорот за добососедство и посебно делот со заедничка комисија ги дава резултатите. Контоверзниот европратеник Андреј Ковачев му порача на претседателот Стево Пендаровски дека браќа Миладиновци се Бугари откако шефот на државата ја посети Спомен-куќата на славните преродбеници во Струга, објави Република.

-Миладинови се Бугари, а наскоро протоколот ќе си произведува хоризонтални обврски на Македонија кон Бугарија, кои ќе мора да се исполнат како составен дел од преговорите со ЕУ-му порача Ковачев на Пендаровски.

Oткако власта со францускиот предлог прифати Договорот за добрососедство да стане дел од преговарачката рамка се почесто ќе гледаме вакви изјави.Едноставно, Македонија нема да може да се повикува на ниту на една историска личност и настан до 1944 година. Во спотивно ќе следува вето и така до недоглед.

извор: Република.