На плажи „Славија“ и „Љубаништа“, ќе бидат поставени пристапни рампа за лицата со посебни потреби – Ohrid1
четврток, февруари 22, 2024
АктуелноОхридПоследни Вести

На плажи „Славија“ и „Љубаништа“, ќе бидат поставени пристапни рампа за лицата со посебни потреби

На популарните плажи „Славија“ и „Љубаништа“, утре ќе бидат поставени пристапни рампа за лицата со посебни потреби.

– Утре, понеделник, 11-ти јули 2022 година, во 11:00 часот, на плажата во Љубаништа ќе биде ставена во употреба пристапна рампа за лица со посебни потреби. По поставувањето во Љубаништа, иста таква рампа ќе се постави и на плажата „Славија“, информираат од охридската локална самоуправа.

Додаваат дека вакви рампи се поставуваат за прв пат во Република Македонија, а целта на нивното поставување е да и овие лица можат непречено да се капат во Охридското Езеро.

извор: Општина Охрид

фото:

Alsat M