Top NewsАктуелноглавни-вестиЗанимливостиИздвојувамеНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид во 50-тите години од XX век имал најскапо млеко во тогашна Југославија

Во педесеттите години од минатиот век млекото кое се продавало во Охрид било најскапо во целата тогашна држава Југославија, и според документацијата во архивите во Охрид млекото било поскапо дури и од млекото во Љубљана.

Така во Охрид литар млеко чинел 91 динар, додека за споредба млекото во Љубљана се продавало за 39 тогашни динари.

Овој интересн податок го објави директорот на Архивот во Охрид Никола Митровиќ Бабе, апропо сегашната ситација со секојдневните поскапувања на основните животни намирници.

Инаку ова се поклопува со периодот кога Македонија ги уништувала козите, по желба на комунистичкиот лидер на Македонија, Лазар Колишевски, кој сметал дека козите се штетни бидејќи ги оштетувале и јаделе гранките на дрвата.

Ohrid1.com