недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Левица Охрид поднесе пријава за узурпација и уништување на јавен простор -плажи

Левица – Охрид до Државен Комунален Инспекторат на 06.07.2022 поднесе пријава за узурпација, уништување и нелегално користење на плажите, заради прибавување финансиска корист од страна на непознати лица на плажите во насока од Охрид до Св. Наум и од Охрид до Струга, сите долж охридското крајбрежје. На сите наведени плажи нелегално се поставени маси и друга угостителска опрема (шанкови, штандови, пластични чамци, педалинки, фрижидери, лежалки, чадори и друга опрема), со што е оневозможено непречено движење и користење на истите, од страна на граѓаните.

Бидејќи наведените плажи не се издадени под концесија, Левица – Охрид бара комуналната инспекција да излезе на терен, како би ги утврдила и отстранила сите неправилности, а плажите ги врати во функција на граѓаните и овозможи непречено движење и користење на истите.

Левица- Охрид бара комуналната инспекција да постапи согласно Законот и истите да ги доведе до состојба пропишана со Закон – истите да служат за граѓаните, сѐ додека поинаку не се одлучи.

Левица ЛО Охрид