АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Презентација на вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги во Охрид

Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво кој го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка, денеска ќе биде презентиран во салата на Советот на Општина Охрид (Голема сала).

-Од страна на претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред претставниците на општините и невладините и граѓанските организации од Југозападниот плански регион, на настанот ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за грантови, известуваат од МТСП.

 

Освен тоа, на настанот ќе бидат изнесени и бенефитите кои Проектот ги нуди за развој на социјалните услуги во локалните заедници за да се поттикне интересот на општините од регионот да се јават на Повикот.