Отворање на манифестацијата ,,Меѓународен традиционален турнир во фудбал – Балкански надежи” – Охрид 2022 на главниот фудбалски терен на СРЦ ,,Билјанини Извори”.
На настанот ќе продефилираат над 100 екипи од Македонија и останатите држави од Балканот што ќе донесе интересни и возбудливи натпревари од меѓународен карактер.
Турнирот е прераснат во традиција каде екипите се дружат меѓусебно, разменуваат искуства и имааат можност да ги измерат своите фудбалски способности.
Општина Охрид дава значаен придонес за развојот на спортскиот туризам во градот преку поддршка на спортските манифестации со цел развој на спортот кај младите категории и потикнување дружењето на младите спортисти од Балканот.
Искрени честитки до организаторите, ФЦ ФК ,,Копенхаген” и сите учесници на турнирот во фудбал, информира на својата ФБ страна советникот Перчо Божиноски.