Во текот на вчерашниот ден, имавме особена чест и задоволство, да го пречекаме претседателот на Европскиот совет Council of the European Union, г-динот Charles MICHEL, придружуван од вицепремиерот г-дин Bojan Maricik и евроамбасадорот г-дин Дејвид Гир, претставувајќи ја IPA II CBC Programme – Republic of North Macedonia & Republic of Albania, како нејзина најуспешна приказна. Г-динот Мишел, го запознавме со постигнатите резултати од двата реализирани проекти, благодарение на кои во прекуграничниот регион воспоставена е првата 24 часовна Планинска Спасителна Служба, која делува во рамки на Црвен крст Охрид.
Истакнавме дека сме особено горди на успехот да воспоставиме волонтерска служба, обучена, опремена и организирана по највисоките европски стандарди, која се грижи за безбедноста на повеќе од 220 000 жители, како и за огромниот број туристи, кои го посетуваат регионот околу Охридското Езеро. Ја искористивме оваа прилика, од името на волонтерите и жителите од регионот, да се заблагодариме на Европската Унија за довербата и досегашната поддршка, како и да ги увериме дека не застануваме тука и продолжуваме со идеја нашата успешна приказна да ја пренесеме и во останатите региони во државата. Г-динот Мишел, ни изрази искрена благодарност за постигнатите резултати и хуманата мисија која ја спроведуваме во овој дел од Европа, информираат од Охридскиот црвен крст , спасување на планински предели.
Претседателот на Европскиот Совет Мишел пречекан од Планинската спасителна служба во Охрид
Редакцијајуни 16, 2022
posted on