Директорката на НУ „Охридско лето“, Проф. Наташа Поповиќ официјално го покани Генералниот покровител на фестивалот „Охридско лето“, Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, на свеченото отворање на 62-то фестивалско издание.
„Охридско лето“ на 12 јули годинава на Античкиот театар ќе биде отворено со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари и придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.
НУ Охридско лето