АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Успешен настап на играорците од Лескоец во турскиот град Сафранболу

 

Културно уметничкото друштво ,,Фаланга 2019,, од Лескоец изминатиов период се претстави со својот македонски фолклор пред публиката во турскиот град Сафранболу. Друштвото беше предводено од претсвникот од општина Охрид Илкер Мустафа и претседателот на здружението ,,Спасовден,, Драгослав Петкоски, како и претседателот на друштвотоФилип Ставрески, во безрезервна подршка од страна на градоначалникот Кирил Пецаков.

 

-Во текот на неколку дневниот настан македонското друштво настапи во три вечери со наши традиционални ора од охридскиот регион, каде турската публика беше воодушевена од настапот на нашите играорци, истакнуваат од страна на друштвото за Охрид1.

 

Притоа беше остварена и посета со градоначалничката на Сафранболу, Eлиф Косе.