АктуелноВидеаВидеоИнтервјуаОхрид

Славески: Јавниот долг е загрижувачки, може да ја премине црвената линија

Цените растат, животниот стандард паѓа, граѓаните загрижени, Владата смирува, опозицијата обвинува. Тие велат дека мерките од Владата не покажале резултати и дека цените на прехранбените производи и понатаму растат, а стандардот на граѓаните не е заштитен.

-Цените кај нас започнаа да растат и пред кризата со Украина, пред зголемувањето на минималната плата што беше едно популитичко ветување на поранешниот премиер. Прво инфлацијата е многу висока, можеби највисока во последниве 20 години, ние имавме висока инфлација и при раздружувањето со Југославија, релативно кратка висока инфлација имавме и во 2008 година, но настапи рецесија и состојбата се смири. Последните податоци за април, споредбено со април минатата година надмина 10 %. Ова е просек на порастот на цените, но структурата и животниот стандард на граѓаните во Македонија каде најголем дел од личниот доход оди за храна, пијалоци и трошоците врзани за домувањето и така што по примерот на некои други земји и нашиот завод за статистика треба да дава посебни податоци за порастот на цените на храната и енергијата кои се значително повисоки од просечната стапка на инфлација. Сега засега нема изгледи за смирување на трендот на покачување на цените, најверојатно ќе помогне монетарната политика која станува порестриктивна со порастот на каматните стапки, но тоа дополнително ќе се одрази на забавување на економската активност. За причините … наративот на власта е дека растот на цените единствено се должи на она што се случува надвор од државата поточно поради увезени фактори. Факт е дека имаме пораст на енергијата и на храната на светските берзи, стапката на инфлација е висока во Европските земји и САД, но кај нас е повисока за 3, 4 %, вели во интервју за NEWS1.mk, професор д-р. Трајко Славески, поранешен министер за финансии и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Славески се повика на формулацијата на констатацијата која ја изнесе во последниот извештај Светска банка за економиите од Западен Балкан објавено пред три недели.

-Според овој извештај кај нас инфлацијата се забрзува поради два фактори и тоа првиот е објективниот увезената инфлација од надвор, но светска банка вели и заради агресивниот пораст на платите пред се минималната плата. Минималната плата започна да се зголемува уште пред три, четири години и тогаш кажавме дека тоа може да предизвика драматични последници на пазарот на труд, секако зголемување ќе бараат и сите вработени во приватниот и јавниот сектор што оваа економија тешко ќе го издржи. Мене прилично ме загрижи една изјава на претставник на Сојузот на синдикатите на Македонија дека платите треа да се зголемат со оние средства планирани за позајмување. Тоа не води никаде, не е на добро“, вели Славески за NEWS1.

Македонија е мала отворена земја зависни од увоз. Најголемиот дел од производите кои ги користиме за лична потрошувачка се од увоз. Па токму поради тоа вели Славески секое билдање на домашната потрошувачка со популистички мерки кои не се насочени кон развој на економијата го зголемува нашиот трговски дефицит, а ова се одразува на платниот биланс, а ова е размислување на краток рок, да се задолжувата за задоволување на тековните потреби. Исправно е една земја да се задолжува за инвестиции во инфрастуктура, патишта, мостови, фабрики, а никако за тековните расходи. Исто како во домаќинставата, ако земате за да шетате, еден ден ќе престанат да ви даваат кредити, па нема да можете да ги враќате, категоричен е Славески.

Во интервјуто професорот зборува и прави споредба со големата Светска економска криза од 2007 до 2009 год.

-Големата рецесија од 2007 до 2009 година, беше свикана од финансиска криза, заради нови производи, ризични … доведе до крах на финансиските пазари, дури извесен период неколку месеци меѓубанксрската активност или позајмување, што е крвоток на економијата и финансиите беше замрзната, а тоа се префрли на реалниот сектор. Карактеристика беше што на таа криза – рецесијата траеше релативно долго, односно заздравувањето додека не се дојде до повисоки стапки на раст кај поразвиените земји требаа 5 – 6 години. Една од лошите страни на глобалниот капитализам на пазарната економија е што во добри времиња инвеститорите барајќи добра заработувачка одат кон превземање на големи ризици. Тоа билдање на тие ризици доведува до состојба во која мора да има корекција. Пример одговорт на банките во тоа време беше тоа да се испечатат огромно количество на пари ликвидност беше обезбедена, откако се увиде дека треба да се поддржува економијата, ама таа ликвидност удри на друга страна. Проблемот се појави со тоа огромно количество на средства ги зголеми цените на акциите на фирмите, ги зголемија цените на недвижностите… Едната и другата криза се поврзани, а сега имаме и нова ситуација со пандемијата каде се интервенираше со значителни средства. За време на пандемијата можевме лесно да се задолжуваме, но тоа предизвика раст на јавниот долг, еве кај нас е веќе 60 % од БДП . Тоа го сметавме како црвена линија, а со новите најавени задолжувања потребни средства за да ја заокружиме оваа година, со планиран буџетски дефицит од 700 милиони евра, задолжување кое надминува милијада евра, јавниот долг ќе ја помине границата од 65 % што во блиска иднина воопшто не е добро, вели професорот во интервју за NEWS1.

Славески во интервјуто отворено говори и за невработеноста во Македонија, фискалната политика, инфлацијата, како и за мерките кои би ги превзела доколку ВМРО ДПМНЕ дојде на Власт.

Интрервјуто со професор д-р. Трајко Славески во целост можете да го проследите во продолжение…