АктуелноОхрид

In memoeriam: Почина проф. Воскре Аслимоска на 70-годишна возраст

На 70-годишна возраст денеска во Охрид почина проф. Воскре Аслимоска.

Аслимоска во текот на работниот век важеше за исклучителен професионалец, човек кој знаеше да го пренесе знаењето, но и да ги разбере младите кога тоа беше потребно, со сите нивни младешки грешки.

– Топлината на нејзиното срце ќе остане засекогаш со нас, порачаа нејзините роднини во последниот поздрав.

Охриѓани ќе можат да се простат од проф. Аслимоска утре, петок, 5 декември 2025 година, во периодот од 13:00 до 13:30 часот, во капелата на Градските гробишта во Охрид.