петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Оние кои го создадоа хаосот на плажите се дрзнуваат да кажуваат за градот и туристичката сезона

Замислете мои драги охриѓани,
Оние кои го создадоа хаосот со плажите,
оние со кои имаше урбан хаос, беззаконие, самоволие и уништување на Охрид и УНЕСКО,
сега тие се дрзнуваат да кажуваат за градот и туристичката сезона.
Господо од СДСМ Охрид,
Вината да си ја барате во себе, во Министерството за транспорт и врски и во Агенцијата за просторно планирање која и по година и пол не го има изработено Планот за уредување на плажите.
Локалната самоуправа не ви е виновна затоа што централната власт сè уште не ја завршила изработката на урбанистичкиот план во заштитеното подрачје на езерото.
Ја повикувам Кристина Крлеска-Деспотоска, претседател на ОО СДСМ Охрид, да си одбере медиум и време, да поразговараме пред целата јавност не само за плажите, туку и за начинот на раководењето на Локалната самоуправа додека ја водеше СДСМ и секако за нејзиното работење во ЈП „Градски пазар“.
Наместо снимени видеа без новинари и праќани до медиуми нарачани соопштенија од партиските ментори нека се одважат пред охриѓани да ја слушнат вистината од која и самите бегаат.
Видоа охриѓани колку го „сакате“ Охрид и казната за тоа несакање ви ја испорачаа со катастрофален пораз на изборите!
-напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Пецаков.