АктуелноОхрид

Петкоска: Како е регулирано во законот кои места ќе работат во недела и колкав процент од граѓаните ќе бидат слободни

Трите прашања се однесуваат на измените на законот за трговија кој бомбастично беше најавуван пред една година, се донесе избрзано и непресметано, почна да се преметува од први јануари оваа година за после не цели пет месеци да мора да доживее драстични измени. Тоа што денес менуваме закон кој што беше донесен вчера многу јасно го потврдува фактот како оваа влада ги носи законите, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на вчерашната седница за поставување на пратенички прашања.

Каде ви беше умот кога го носевте законот, праша Петкоска и додаде на крај приказната со недела неработен ден ќе заврши плати си работи си.

Знаеме дека Охрид и Струга се туристички места, но туристички места се сите места во нашата Македонија, дали министре со законот ќе значи дека недела ќе може да се работи во Драчево, или само во Охрид и Струга во чаршијата ќе се работи, како ќе го регулирате ова, праша таа.

Петкоска праша дали е направена пресметка колкав процент од граѓаните врз основа на новото законско решение ќе бидат слободни во недела.

Најавувате дека 92 проценти со законот ќе одмараат во недела, дали и овој пат направивте пресметка и врз основа на новото законско решение колку проценти од граѓаните ќе бидат слободни во недела, кажа Петкоска.

Третото прашање е за Тренчевска како наместо да се очекува да подржи предлог со кој 2 проценти од вкупниот приход остварен минатата година наместо да бидат наменети за инвестирање во детски градинки да се наменет за некаков фонд за човечки капитал. Нели министерке децата се најважниот човечки капитал, нели министерке детските градинки се најмногу заслужни и најпотребни кога станува збор меѓу балансот на личниот и професионалниот живот на нивните родители. Листите за чекање за упис во детските градинки секаде во општините се преполни, рече таа и праша:

Кој е тој фонд, постои ли воопшто тој фонд и колку точно пари од досегашната пет месечна примена на законското решение издвоивте и колку пари се инвестирани во детски градинки?

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ