среда, ноември 20, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Честитка на градоначалникот Пецаков за Националниот ден на власите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница  по повод 23 Мај, Националниот празник на Власите

Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите  со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.

Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата.

Власите во Македонија, се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.

На овој ден  ја одбележуваме посебноста на Власите како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историја.

Меѓусебното почитување и  негување на  културата, обичаите и традициите од различните етнички заедници отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество. Така  ќе биде и во иднина.  Заедно и сложно ќе работиме за подобра иднина на сегашните и идни генерации во развиена и просперитетна држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков, по повод Меѓународниот ден на Власите.