сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Охриѓанецот Леонид Тодороски покрај по математика, најдобар и на државниот натпревар по биологија

Вчера во Скопје на Природно-математички факултет се одржа државниот натпревар по биологија. Најдобар од сите ученици беше талентираниот охриѓанец од девето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Леонид Тодороски кој ја освои првата награда во силна конкуреција.

Инаку исклучително талентираниот Леонид не е најдобар само по биологија.Тодороски, го освои првото место на 47-от Државен натпревар по математика за основно образование.

Ова е само продолжување на неговите успеси периодов наназад. Минатата година, тој го освои третото место на Балканска математичка Олимпијада во конкуренција на натпреварувачи од 21 држава, откако претходно, во мај 2021 година беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика. Леонид работи под менторство на наставникот по математика Александар Ангелевски.

фото: Марина Петроска Тодороска

извор: Охрид 1