Со огромна благодарност за вашата работа, храброст, пожртвуваност и професионалност, Ви го честитам 20 Мај – Денот на пожарникарите.
Вашата хумана работа е од непроценливо значење за нашата заедница бидејќи вие се изложувате на тешки и опасни ситуации, а многу често во опасност ги ставате и сопствените животи во заштита на граѓаните и нивните имоти.
Ви посакувам многу успех во извршувањето на вашата благородна професија, пишува во својата ФБ честитка градоначалникот Пецаков.