АктуелноОхрид

(ФОТО) Амбасадорката Кејт Мари Брнз ги посети Галеријата на икони, Св. Богородица Перивлептос и Св. Софија и Музејот во Робевци

НУ Завод и Музеј – Охрид имаше чест да биде домаќин на посетата на нејзината екселенција, Г-ѓа Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Р.С. Македонија. За време на средбата, амбасадорката беше запознаена со историјата и со богатото културно наследство од Охридскиот регион и ги посети Галеријата на икони, средновековните цркви Св. Богородица Перивлептос и Св. Софија, како и богатата археолошка и етнолошка поставка во Музејот во Куќата на Робевци.

фото: ФБ Завод и музеј Охрид