АктуелноОхрид

Левица не дојде на седница – 20 социјални случаи од Охрид останаа без помош од локалната

Пропадна седницата на „Комисија за фунансирање и буџет“ – не дојте советничката од Левица. Иако јавно повикуваше на почести заседанија на Советот на општина Охрид, со цел како што напиша, да се оправдаат паушалите кои ги добиваат советниците, токму заради денешното не доаѓање на седницата на Комисијата за фунансии и буџет, пропадна седницата и точките не се процесуирани.

Советничката од Левица Виолета Аврамоска не се појави на седницата и заради немање кворум комисијата не заседаваше и седницата не се одржа.

Дали Аврамоска сериозно го објавувала овој пост или само собирала поени пред граѓаните останува јавноста сама да оцени, со оглед дека 20 социјано загорезни фамилии останаа без помош заради не доаѓањето на советничката од Левица.

фото: PRTSC ФБ Виолета Аврамоска