Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, еденодлидерите на Тајната Македонско – Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна на Рилскиот конгрес 1905 преименувана во Внатрешна Македонско – Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ИМАЛ ЈАСНА СВЕСТ, ЗНАЕЛ И ШИРЕЛ ДЕКА САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ ЗА ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА, А ПОМОШТА ОД ДРУГИТЕ ДЕКА E ЛАЖНА.
Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци.
Никола Делчев, таткото на Гоце, потекнувал од еснафско семејство, а и самиот тој бил еснаф. Неговиот неподвижен имот се состоел од куќа, дуќан, околу шест декари лозја, од кои сам правел вино и ракија, околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Никола Делчев водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотини овци (околу 600-700).
Tатко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Серез и Солун. Во културно-општествениот живот на Кукуш, Никола активно учествувал. Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви индивидуи.
Мајката на Гоце, Султана, била родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко. Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на борбата против Цариградската патријаршија. Во селото бил познат родот на Јанев Нуриџиев, од кој потекнувала мајката на Гоце. За нејзиното потекло не се знае ништо повеќе. Султана била убава и скромна мома. Таа со Никола Делчев имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо). Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари, стар стил, односно на 4 февруари по нов стил, 1872 година во Кукуш.
Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана, бил нагалено наречен Гоце, име кое било често во Кукуш. Името Гоце е галовен облик од името Ѓорѓи, според други постарата сестра го нарекла Гоце.
Гоце беше најмекиот, најразбран, најуважен соговорник за сите, за секого посебно. Седеше на миндер, крснозе, или на стол во аголот, а околу него млади бунтовни луѓе, запишал во своите спомени охриѓанецот Климент Шапкарев, син на Кузман Шапкарев, близок другар и соборец на Гоце Делчев
Според спомените на неговите современици, Гоце Делчев бил човек што ги пленел луѓето со својата преданост, добрина, искреност и срдечност: „Секогаш почнува прв со разговорот, а ти го гледаш и се вљубуваш во гласот. И гласот те допира право во душата, во најнежните струни. Те прашува како си со една блискост, со едно сочувство што те тера да веруваш дека тој веќе сѐ ти видел во душата и се возбудува заедно и еднакво со тебе…“, пишува Климент Шапкарев во спомените. Според Димо Хаџи Димов, пак, Гоце најмногу се вознемирувал од предавство, велејќи дека „развратници се тие што се служат со презрени и осудени од нас предавници и блудници, кои, згора на тоа, ги прогласуваат за претставници на кнезот и рускиот цар“. Војводата Михаил Герџиков, верен другар и долгогодишен соборец на Гоце, запишал дека никогаш не го видел својот другар толку тажен и загрижен како дента кога заминал за Македонија во обид да го спречи предвременото кревање на Илинденското востание. Пред да замине го прегрнал и, со солза во окото, му рекол на Герџиков: „Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени.“
Разделбата со свршеницата Јанка Каневче
По божиќните празници, пред крајот на 1902 година, пред да замине повторно во Македонија, Гоце доаѓа на проштална вечера кај својата свршеница, учителката Јустинијана, Јанка Каневче, Охриѓанка што со семејството живеела во Софија. Истата ноќ Гоце се сретнува и со својот драг пријател и соборец Михаил Герџиков, кој, упорно, на секој начин, се обидува да го убеди да го одложи своето заминување во Македонија. Според неговите спомени, Гоце не сакал ни да разговара за одложување на патувањето; бил многу растревожен и потиштен од одлуката токму таа пролет да се крене општонародно востание во Македонија. На Герџиков му признал дека ќе стори сѐ да се одложи востанието, затоа што народот не е вооружен и не е подготвен за такво нешто. Во такви услови, тоа нема да биде востание туку кланица.
Михаил Герџинов, неговиот верен другар и соборец, подоцна ќе запише дека никогаш не го видел Гоце толку тажен и загрижен. Свршеницата на Гоце, Јанка Каневче за неговата смрт на 4 мај 1903 година во селото Баница дознава неколку дена подоцна. Следните неколку години таа ќе ги помине во црнина. Пет година подоцна, ’откако се родиле чувства меѓу нив’, Михаил Герџиков ѝ предлага брак. Следната година им се раѓа ќерката Магда. Војводата Михаил Герџиков останал со својата сопруга Јанка, свршеницата на Гоце, до нејзината смрт во 1920 година.
насловна фотографија: Јанка со другарките Славка Чакарова и Олга Ќупева