„Мили мои, Христос навистина воскресна од Гробот и му подари неизмерна радост и светлина на овој свет. Наше останува да избереме дали ќе го прифатиме животот на воскресение. Да не дозволиме да се уподобиме на помрачениот свет од Велики Петок, кога при Распетието на Господа, ‘настана мрак по целата земја, од шестиот до деветтиот час’ (Лк. 23,44). Надвор од Христа, светот е темнина, бездна на очајот и на пропадливоста. Затоа, да ги отвориме нашите срца и да се зарадуваме во ‘оваа спасителна и светлозарна ноќ, на светлоносниот ден на Воскресението – предвозвесница’, да Го воспееме Христа Воскреснатиот, Кој нѐ повикува да бидеме Негови пријатели, за да ни го дарува најскапоценото – живот вечен и неизмерна радост. И да не забораваме дека таа радост не е од овој свет и следствено, не е минлива како световното, туку продолжува и во вечноста“.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!
† Старец и Епископ г. Партениј Бигорски
Бигорски манатир ФБ страна