АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Пукната водоводна цевка пред зградата на ЕВН

Пукната водоводна цевка на Македонски Просветители пред зградата на ЕВН во Охрид.

„Одеднаш почна да прска вода како од фонтана“, велат жителите кои стравуваат дека поради дефектот ќе имаат проблем со недостаток на вода денеска, кога се подготвуваат за големиот празник.

Инаку не е за изненадување ваков проблем во Охрид. Со децении ништо не е инвестирано во обнова на водоводната мрежа. И покрај желбата на новата локална власт сега ЈП да инвестираат и обноват се,  ЈП ВОДОВОД дополнително финансиски е погоден од поскапената електрична енергија , изминативе месеци имаат месечните сметки за стуја над 7 милиони.  А помош од владата и покрај апелите од ЗЕЛС  засега нема.

Веруваме дека екипите веднаш ќе излезат на терен и ќе се открие и реши проблемот.