АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Пожарот над Елен Камен бргу се шири поради силниот ветер

Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.

Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел.