Екипа на Одделението за фекално и атмосферско одржување денес изврши чистење на мрежата за одведување на фекална канализација и пумпна станица во Канео. Цистерната се пренесува со кајче и по завршување на чистењето се враќа назад.Ова се прави пред почеток на туристичката сезона и уште еднаш по завршување на сезоната, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.