Наш изборНаш ИзборОхрид

Етно фестивал Охрид 2022 на 27ми и 28 ми април – ќе го отвори етно составот Монистра

За прв пат оваа година, на 27ми и 28 ми април, ќе се одржи Етно фестивал Охрид 2022. Честа за настап на првата фестивалска вечер ќе ја има етно составот Монистра. Со овој Голем јубилеен концерт,ќе биде означен почетокот на нивната турнеја низ Македонија по повод 20 години нивно постоење на македонската музичка сцена. Втората фестивалска вечер ќе биде во знакот на традиционалните народни носии од сите краишта на Македонија, чиј колекционер е Антонио Стојчески. Исто така, свој настап ќе имаат ученици од насоката за национална песна и игра при ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”-Скопје
Првата фестивалска вечер на 27 ми Април започнува во 20 часот, а втората вечер е во 19:30 часот, на големата сцена при НУЦК “Григор Прличев”-Охрид
Организатор на Етно Фестивалот Охрид 2022 е здружението за интегриран развој АРТ ПРИЈАТЕЛИ Охрид.Овој фестивал е со поддршка на Општина Охрид. Влезот за истиот е бесплатен.
На настанот ќе бидат запазени сите здравствени мерки и протоколи за Ковид 19 за организирање настани и концерти.