петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Оливер Спасовски 5 дена го нема, и тој како да исчезна со украденото оружје од депото на МВР!

Оливер Спасовски 5 дена го нема, и тој како да исчезна со украденото оружје од депото на МВР!
Поминаа 5 дена откако беше ограбено оружје од полицискиот магацин во Охрид, а од Оливер Спасовски ни трага, ни глас да даде одговори или да понесе одговорност.
Како и тој да исчезнал заедно со сериозниот арсенал од магацинот на МВР, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

„Да потсетиме, од депо на министерството беа украдени рачни бомби, гранати, муниција, со еден збор оружје доволно да се вооружи цела единица.
Спасовски е должен да одговори кој го украл ова оружје и каде е тоа оружје. Со право граѓаните се загрижени дека тоа оружје може да биде употребено во нови криминални дејствија. Исто така граѓаните оправдано стравуваат за својата безбедност, бидејќи велат ако МВР предводено од Спасовски не може своите магацини да ги заштити, тогаш како може да ги заштити нивните имоти.
За доброто на сите е Спасовскипосле сите неуспеси и скандали да си поднесе оставка веднаш“, додаваат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.