петок, ноември 15, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Кеј Македонија при секој бран прекирен со вода

Најрепрезентативното шеталиште во државава Кеј Македонија во Охрид, при секое бранување на Охридско Езеро е прекиено со вода. Кејот доби дозвола за реконструкција, а помина и проектот за негово финансирање, па дури беа поставени и тараби за да се означи почеток на работите, но од тоа нема да биде ништо бидејќи реконструкцијата е предмет на критика на еколошките организации кои жестоко се бореа да не дојде до тоа.

Инаку со реконструкцијата меѓу другото беше предвидено да се изгради овален ѕид кој требаше да ги спречува брановите да го поплавуваат шеталиштето.

Вака изгледаше кејот денес околу 19 часот…

А вака изгледаше разорениот Кеј Македонија во Охрид во март 2018 кога градот беше погоден од силно невреме.

https://www.youtube.com/watch?v=5zXqCAgnaIc