АктуелноОхрид

Охридските студенти продолжуваат да изненадуваат

Охридските студенти продолжуваат да изненадуваат, овој пат Факултетското Студентско Собрание (ФСС) при Факултетот за туризам и угостителство ја продолжи соработката со Граѓанската организација „Инклузија“. Успешно го реализираа серијалот Обуки за млади менаџери. Обуките беа поделени на два дела. Првиот дел се одржа од 23ти до 25ти март.
На првата обука учесниците се запознаа со „Претпремништво и мали бизниси“, предавач беше Проф. Ирена Бандилова, дипломиран економист. На втората обука Претседателот на ФСС при ФТУ – Игор Пешевски, студент на смерот Хотелско-ресторански менаџмент говореше за „Менаџмент на човечки ресурси“. Маркетинг аналитичарот Ристе Ристески, го затвори првиот дел на обуки со темата „Бизнис план“.


Претседателот на ФСС при ФТУ – Игор Пешевски изјави „Оваа прилика би ја искористил да се заблагодарам на управата и деканот на ФТУ – Проф. Д-р Цветко Андреески за прекрасната соработка и помош при реализација на шестте обуки за млади менаџери. Најголема чест ми беше што успеавме да ги реализираме обуките со иклучително голем број на учесници, над 60 студенти, средношколци и луѓе од бизнис секторот од Охрид. Затоа би упатил апел до сите студенти да се пријавуваат на нашите проекти и да ги следат активностите на ФСС на нашите социјални мрежи, Instagram: ftu_ohrid и нашата Facebook страна Факултетско студентско собрание – ФТУ Охрид. За крај би сакал да додадам дека во иднина следуваат уште многу проекти.“.

М-р Весна Цветаноска, политиколог, го отвори вториот дел обуки за млади менаџери со темата „Родова еднаквост“. Гости на предавањето беа Виолета Цепенковска – сопственичка на Fort Cаffe и Сузана Наумоска – сопственичка на Козметичкиот салон „Изида“. Втората тема беше „Комуникациски вештини“, предавач беше Елена Ристеска, политиколог. Обуката за млади менаџери се затвори со темата „Лидерство“ од страна на Претседателот на организација „Инклузија“– Вахид Мемед, младински работник. Гостин на обуката беше М-р Живко Димовски, Директор на одделот за финансии и администрација при КОСТАЛ Македонија ДООЕЛ Охрид.
Претседателот на организацијата „Инклузија“ – Вахид Мемед изјави, „Завршивме и со вториот блок на обуки за млади менаџери, обуките се имплементираа од страна на ФТУ и Граѓанската организација „Инклузија“. Особена чест и задоволство е што после исклучително тежок период со корона кризата имавме повторно можност да се дружиме, предаваме, споделуваме и дискутираме на ваков начин, со физичко присуство и повторно се наоѓаме меѓу толку многу позитивни и амбициозни млади луѓе. Имено, сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам за заинтересираноста на младите и одзивот што го имаше за да се биде дел од серијал обуките како и голема благодарност до градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Дебарца Зоран Ногачески за логистичката поддршка за имплементација на овие обуки, исто така сакам да упатам благодарност и до гостите кои оддржаа мотивациски говори и ги споделија нивните приказни. “