АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Црвен крст Охрид ја одбележува Неделата на солидарност од 18-24 април

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на олидарност од 18 до 24 април 2022 год, под мотото ,,Нашиот прилог -начајна помош,, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст органиира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средствва за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица со посебни способности од Охрид и Дебарца, како и за бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град.

Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓни , фирми , институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:

-донирање на материјлни добра, прехрамбени производи и  средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр 52

-донирање парични средства (100 денари) со повик на телефонските бброеви 070/075/077 143-400, на жиро сметката на Црвен кст со назанака за ,,Недела на солидарност,,

-со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка DB 4030984271620

-со електронска уплата на средства на интернет страницата на Црвениот крст.

Од донираните парични средства и собраните намирнници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна.

 

Црвен крст Охрид