Со духовна радост и благодарност кон Бога, го честитаме изборот на нашиот драг отец Георгиј за нов Митрополит на Дебарско-Кичевската Епархија!
Ние, членовите на Православна Младина од с. Враништа – Парохија Вранишка, со радосни срца ја споделуваме оваа благословена вест и молитвено посакуваме:
На многаја лета, Владико!
Нека Господ нашиот новоизбран Митрополит го укрепи со сила, мудрост и смирение во неговото архипастирско служење. Веруваме дека со љубов и посветеност ќе продолжи да го води народот Божји по патот на спасението и вистината.
Нека оваа нова страница биде исполнета со духовен подем, љубов и слога во Христос!
Достоен!Достоен!Достоен!