АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид

Четири дена Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид – оставка веднаш!
Спасовски е во заблуда, ако мисли дека со поминување на одредено време ќе се заборави за кражбата на оружје од охридската полиција. Тој мора да каже кој го украл, колку оружје е украдено, но и пред се како беше можно да се украде оружје од полициски магацин, и тоа со денови да не се расветли.
Од молкот на Спасовски се извлекуваат само два заклучоци. Или Спасовски е неспособен и не знае како да и признае на јавноста дека е неспособен и не знае каде е оружјето или тој е во коалиција со криминалците кои го украле оружјето.
Украденото оружје е доволно за вооружување на цела единица. Покрај муниција, украдени се и рачни бомби и гранати.
Доколку владата и МВР продолжат да молчат и да не преземаат ништо, тие само им даваат дополнителен мотив на криминалците да продолжат со истите активности и на други места, стои во објавата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.