На 11.06.2025 во 21.45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода(24) Годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.00 часот во семејниот дом агресивно се поднесувал кон неговиот 26-годишен брат, оштетил дел од покуќнината и без дозвола го зел возилото на брат му. Тој бил пренесен во здравствена установа и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветмна пријава.