сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер

Денес, остварив средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер и со координаторот за интеграција на Австрискиот фонд за интеграција, господин Бахри Троја.
🗣 Разговаравме за продлабочување на соработката во повеќе области, за туристичко промовирање на Охрид во Виена, но и за размена на искуства во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО.
👉 Секоја размена на искуства е добредојдена, особено кога доаѓа од луѓе кои директно се вклучени во процес за реализирање на препораки од УНЕСКО, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.