АктуелноОхрид

„Костал Македонија,, ќе произведува батерии за електрични хибридни возила за „Фолксфаген”

Полначи за електрични хибридни возила од групацијата „Фолксваген”, од средината на 2024 година ќе се произведуваат во компанијата Костал во Охрид. Тоа беше соопштено по денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со раководството на Костал, главниот оперативен директор и член на УО, Хансјорг Херман и генералниот директор на „Костал” Македонија, Виктор Мизо, во присуство на заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф.

– Ова е производство со висока додадена вредност, што е исклучително важно за развојот на нашата економија. Разговаравме и за потпишување нов договор за државна помош и на овој нов многу значаен проект во вредност од 25 милиони евра и нови 200 вработувања во првичната фаза, а со кое е планирано производство на овие полначи да започне во 2024 година, информира Битиќи.