Охридската подружница на „Македонска пошта“ ќе го поддржи штрајкот во компанијата, кој е најавен за утре – четврток.
Вработените бараат зголемување на платата за 3.000 денари после 32 години работа, особено во овие тешки моменти во кои се наоѓа државата, покачени цени и намалена куповна моќ.
Неофицијално, кон штрајкот ќе се приклучат и охридските експозитури, а одлуката за приклучување кон штрајкот е оставена на самите вработени. Во четврток и додека трае штрајкот ќе се примаат само итни и препорачани пратки.
фото: Архива