АктуелноОхрид

Македонскиот игран филм ,,Сестри,, ќе се прикажува во НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци,, Струга

Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 19-ти и 20-ти април (вторник и среда), со почеток во 19.00 часот, ќе се прикажува македонскиот игран филм „Сестри“. Ова е дебитански филм на Дина Дума, која го напишала и сценариото заедно со Мартин Иванов.
Овој филм ја имал својата премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде во официјалната селекција ја добил специјалната награда од жирито.
Исто така овој филм беше Македонски кандидат за оскар на 94. доделување на оскарите, и првиот македонски филм на „Нетфликс“
Влезот е 100 денари.
НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга