АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Дали „Шпаркасе Банка“ ретроактивно наплатува за користење постерминали ? !

Корисници на постерминали за наплата со картички во малопродажни и угостителски објекти кои порано беа коминетнти на „Охридска Банка“ се жалат дека новиот сопственик „Шпаркасе Банка“ почнала ретроактивно да им наплатува одреден месечен паушал за користење на терминалите во минатото.

Тие конкретно се жалат дека „Шпаркасе банка“ почнала наплата на одреден износ пари за користење на терминалите во изминатата година, некои велат дека им биле повлечени пари за користење на терминалите за период од веќе изминати 8 месеци, додека некои велат дека им се наплатило за 6 месеци наназад.

„Ohrid 1“ се обрати до службата за комуниакција со јавноста на „Шпаркасе Банка“ од каде не замолија прашањето да го испратиме во писмена форма. Истото беше сторено, но до објавувањето на оваа вест ( и покрај нашите напори и телефонски молби да ни дадат одговор ) од банката не добивме одговор.

„Шпаркасе Банка“ не одговори на прашашања кои и претходно и ги поставувавме, како тоа зошто коминтентите добија е маил со кој се известиени дека банката не им прикажувала точна состојба на изводите и ред други проблеми за кои детално ја информиравме јавноста, а од „Шпаркасе Банка“ не дадоа одговор пред јавноста и нивните клинети.