АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков учествува на вториот Форум на градоначалници во Женева , Швајцарија

Имав презентација на темата „Енергични јавни површини, зелен град и решенија базирани врз природата“. Во своето излагање ги истакнав придобивките од користењето на природни материјали во реализацијата на инфраструктурните проекти, реализација на концептот „Зелен град“ и намалување на сообраќајот во строгиот центар.
👉 На форумот учествуваат градоначалници од повеќе градови, кои го пренесуваат своето искуство, знаење и идеи за одржлив развој. Свои презентации имаа градоначалниците од 45 градови учесници на форумот.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.