четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Маја Мојсоска нова претседателка на УЖ на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга

На синоќешната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ за нова претседателка на Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга е избрана Маја Мојсоска.
Маја Мојсоска е родена на 26.10.1978 година во Струга.
Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” – Скопје и веќе 20 години работи во образование како наставник по македонски јазик.
Активен член на партијата е од 2005 година.
Покрај повеќето активности, од 2018 година е претседател на Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга, информираат од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.