Силниот ветар во Охрид откорна кров од зграда на улица АСНОМ. Дел од лимениот кров е паднат и врз автомобил, но кровот оштети три станови во друга зграда, уништи неколку дрва.
Се поставува прашањето кој ги гради овие згради. Не е прв пат кров да летни во Охрид. Да се потсетиме ваквов случај имавме и пред години кога кров летна од болницата, но и од салата од Основно училиште.
Инаку како што објавивме силниот ветар откорна бор кој падна на управната зграда на Општата болница, а на улицата Ристо Чадо падна бандера.