среда, ноември 20, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Изгаснат пожар во куќа, пожарната попречувана да интервенира

На 20.03.2022 год во 02 и 35 часот во ТППЕ – Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа).Екипите веднаш се излезени на терен со 4 возила, при што затекнато е големо опожарување на објектот.Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожарениот објект.
Пожарникарите гаснат во отежнати околности,голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот.Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна.За среќа нема повредени лица.
АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен, информираат од ТППЕ Охрид.