АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Акциска контрола во објекти во Зајас, кичевско и објекти во охридско, неиздавање фискални сметки…

Во текот на изминатата вечер (19/20.03.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид. Притоа, во с.Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој.

Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории.

фото:Архива