Оваа година Вевчанскиот карневал нема да добие финансиска помош од Министерството за култура. Многу вековната традиција нема да биде поддржана од надлежната институција а според првиот човек на Вевчани , Спасе Кочовски образложението е дека станува збор за политички причини.
Ваквата ситуација се случува за прв пат, со оглед на тоа што досега токму овој голем каневал беше константно помаган од Министерството за култура.
Финансиска помош од Министерството не доби ниту Струмичкиот карневал за следната година.