АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Свечен настан по повод соопштување на добитниците на наградите СВП за 2022 година

На 21 март, Светскиот ден на поезијата, во понеделник, со почеток во 11:00  часот во Македонската академија на науките и уметностите  ќе се одржи свечен настан на кој ќе бидат прогласени добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година.

По свеченото прогласување на добитниците на наградите, ќе следува поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар и на Друштвото на писатели на Македонија.

Настанот е во организација на Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.Е.Н Центар и Друштвото на писатели на Македонија.