Наш ИзборНаш изборОхрид

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секогаш против редот и законите, УЈП и институциите ги штитат граѓаните

Управата за јавни приходи како и сите останати институции дејствува според законите и постапува неселективно и ефикасно. Преку редовните контроли на УЈП се штити стандардот на граѓаните од субјекти кои преку непочитување на законите сакаат да профитираат во време на криза, се вели во соопштението од СДСМ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Ако роднина на сопруга на функциониер од ВМРО-ДПМНЕ не го почитувала законот не може да се брани со партиски соопштенија и да се прават конструктиции.

Делувањето на УЈП е да се спречат манипулации со цените врз грбот на граѓаните среде криза. И додека УЈП делува по закон и за сите подеднакво, ВМРО ДПМНЕ не штити прекршувачи на законите.